Fiat во Крагуевац ќе произведува џип?

21

fiat

Во компанијата Fiat Chrysler автомобили Србија, во Крагуевац, во септември ќе почнат подготовки за пробно производство на џип LX. Џипот ќе го задржи препознатливиот изглед на маската од автомобилите од фамилијата 500, но ќе личи на теренецот на Fiat што се произведува во Бразил, пишува Новости.

Оваа информација со блиските соработници од компанијата ја споделиле членови на групата Италијани кои неодамна допатувале во Крагуевац поради проверка на монтажниот процес во фабриката, пишува Новости.

FCA Србија, под името Фиат Автомобили Србија (ФАС) е основана 2008 година, како партнерски проект на италијанската FIAT Group Automobiles (FGA) и српската влада, при што Фиат поседува 67%, а Република Србија 33% сопственост. Во согласност со минатогодишното спојување на FGA и Chrysler, во мај годинава фабриката беше преименувана во FCA Србија. Во фабриката во Крагуевац се произведува моделот Fiat 500L, во верзии Standard, Living и Trekking.