Фиеста од 1976 година вратена во полн сјај

47

staro-novata-fiesta-od-1976

Најстарата Форд Фиеста во Македонија го доби својот нов лик, благодарение на македонскиот импортер на Форд, Ми – Да Гранд Моторс, како една необична активност по повод кампањата за 40-годишнината од постоењето на Фиеста – Потрага по најстарата Фиеста во Македонија, стои во соопштението.

Пред пет месеци во салонот на Ми – Да Гранд Моторс, во својата првобитна состојба, пред јавноста беше презентирана најстарата Форд Фиеста во Македонија, сопственост на семејството Тодороски од Скопје.

Наследена од дедото и доста години постара од него, најстарата Фиеста со нејзиниот сегашен сопственик ја врзуваат многу убави спомени од детството. Токму затоа, Бојан Тодороски од Скопје е пресреќен што возилото и понатаму ќе остане во сопственост на семејството.

“Ќе ми биде чест да ја возам уште најмалку 40 години“, вели Бојан Тодороски, сопственик на најстарата Форд Фиеста во Македонија.

Петмесечниот процес на обнова на ова возило беше макотрпна работа за целиот тим на Ми – Да Гранд Моторс.

“Реставрацијата на ова возило бараше екстра напор. Не беше лесно бидејќи се работи за модел за којшто веќе не се достапни нови делови, но го дадовме максимумот“, изјави Михаил Терпини, раководител на лимарски сервис.

Горди на оваа кампања, Ми – Да Гранд Моторс уште еднаш го потврди еден од главните постулати на коишто се темели брендот Форд – Грижа за сопствениците на Форд возилата.

“И после 40 години ние се грижиме за сопствениците на возилата коишто сме ги продале. Со оваа активност го одбележавме историското значење на овој модел Фиеста“, вели Дритон Заири, генерален менаџер.

Возилото коешто го врати својот сјај беше најстариот модел на Форд Фиеста, што е убедливо најпродаван од својата класа во Македонија, но и во Европа.