Филантропија, корпоративна одговорност и социјални промени

59

Институтот Либерална алтернатива (ИЛА) денеска во Едукативниот центар М6 организира конференција на тема “Филантропија, корпоративна одговорност и социјални промени: Моќта на вмрежувањето“.

Целта е на едно место да се донесат деловниот и невладиниот сектор пред кои ќе биде промовирана корпоративната општествена одговорност како алатка за бизнисите да станат двигатели на социјалните промени.

Според ИЛА, на конференцијата ќе присуствуваат и амбасадорот на Германија во Македонија Гудрун Штајнакер, претставници од словенечката, српската, бугарската и холандската амбасада, како и од компаниите ЕВН, ТАВ, Џевахир Холдинг.