Филијали и експозитури на ТТК Банка што ќе работат во петок

29

ttk-banka

По повод претстојните празници, на шести јануари (петок) – Бадник, редовно ќе работат неколку филијали и експозитури на ТТК Банка.

Филијали и експозитури што ќе бидат отворени на шести јануари се:

Експозитура Скопје Карпош 3 – ул. Партизански Одреди бр. 62/2-17, Скопје

Филијала Тетово – бул. Илинденска бр. 2б, Тетово

Експозитура Тетово Платен Промет – ул. Илирија бр. 40, Тетово

Експозитура Гостивар – ул. Иво Лола Рибар бр. 18, Гостивар

Филијала Куманово – ул. Гоце Делчев бр. 38, Куманово

Експозитура Кичево – ул. 11-ти Септември, Кичево

Експозитура Дебар – ул. Братство Единство бр. Бб, Дебар

На седми јануари (сабота) – Божиќ, филијалите и експозитурите на ТТК Банка нема да работат.

На клиентите на располагање им стојат услугите достапни преку мобилното и електронското банкарство, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка.