Филијалите на Стопанска банка нема да работат во четврток

23

stopanska-banka

По повод празникот Богојавление Водици, филијалите на Стопанска банка нема да работат на 19-ти јануари (четврток).

Од банката на клиентите им порачуваат дека на располагање ги имаат i-bank услугите достапни преку телефон, m-banking и банкоматите на Стопанска банка, како и партнерите од трговската мрежа коишто ги прифаќаат картичките од банката.