Филип Морис Интернешнал со промена во лидерството на компанијата

26

Глобалниот тутунски гигант, Филип Морис Интернешнал (ФМИ) ја објави планираната сукцесија за лидерство, кое ќе биде комплетирано во мај 2021 година. Актуелниот главен извршен директор на ФМИ, Андре Каланцопулос е назначен за Претседател на Бордот на директори, што ќе стапи на сила непосредно пред годишното собрание на акционери во мај 2021 година. Од лични причини, сегашниот претседател, Луис Камилери, изрази желба да се повлече од денот на објавувањето на соопштението. Следствено, Лусио Ното, независен директор на ФМИ, ќе биде на функцијата привремен Претседател до наследувањето на  Каланцопулос во мај. Тековниот главен оперативен директор на ФМИ, Јацек Олцак, ќе го наследи Каланцопулос како Главен извршен директор веднаш по состанокот во мај. Се очекува дека Олцак исто така ќе биде номиниран за избор во Управниот одбор на Собранието на акционери. Јацек Олцак ги извршувал функциите Главен оперативен директор на ФМИ од јануари 2018 година и главен финансиски директор од август 2012 година до декември 2018 година.

Оваа планирана сукцесија ветува непречена транзиција и континуитет на лидерството. Овие тројца лидери, Камилери, Каланцопулос и Олцак имаат блиска соработка откако ФМИ стана независна компанија. Тие делат единствена стратешка визија и под нивно комбинирано водство, ФМИ забележа значајни достигнувања, вклучително и нејзината деловна трансформација и неспорното лидерство во категоријата производи без чад.

Луис Камилери изјави: “Јас сум задоволен што му ја предадов улогата Претседател на Управниот одбор на Андре по неговата одлука да се откаже од неговите одговорности како  Извршен директор. Подеднакво сум задоволен што гледам дека Јацек е именуван на чело на компанијата од мај 2021 година. Тој е достоен наследник на Андре, со оглед на неговите достигнувања во ФМИ и неговите лидерски квалитети. Размислувајќи за мојата 40-годишна кариера во Филип Морис, беше огромна привилегија да и служам на оваа прекрасна компанија, нејзиниот одбор, нејзините вработени и нејзините акционери. Сакам од сѐ срце да ви се заблагодарам на сите за ова неверојатно патување што ја направи компанијата водечка и најпрогресивна тутунска компанија во светот. Јас се повлекувам со цврсто верување дека компанијата е во одлични раце да ја оствари својата визија без чад“.

Говорејќи во име на Управниот одбор, Лусио Ното изјави: “Одлуките објавени денес се резултат на ригорозен и добро извршен повеќегодишен план за сукцесија и се јасен доказ за тоа колку добро се води нашата компанија. Одборот е уверен дека под водство на Јацек и Андре, ФМИ ќе продолжи да иновира, просперира и да ја подобрува вредноста за акционерите. Знам дека зборувам за сите нас во изразувањето на мојата голема благодарност до Луис за неговата огромна посветеност и огромниот придонес кон нашата компанија во текот на неговата ѕвездена кариера. На членовите на Одборот многу ќе им недостасува.”

Андре Каланцопулос вели: “Чест ми е да продолжам по стапките на нашиот претседател и поранешен извршен директор, Луис Камилери.

Во име на раководството на ФМИ, би сакал да изразам огромна и длабока благодарност за неговите неверојатни придонеси за успехот на нашата компанија и за неговото лидерство, водство, посветеност и пред сè, човечност. Надвор од незаменлививоста како извршен директор, на сите нас ќе ни недостасува извонредна личност и пријател“.

Г-дин Каланцопулос продолжи: „За време на моите седум години како извршен директор, ние го позициониравме ФМИ за иднината и создадовме подобри алтернативи засновани на наука за оние возрасни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. Имаме водечко светско портфолио на производи и од согорливи производи и производи без чад, извонреден менаџерски тим и организација со високи перформанси способна за брзо учење низ целиот свет. Ние сме совршено подготвени за континуиран успех. Јас сум многу задоволен што ја предавам одговорноста на Извршен директор на Јацек. Бидејќи со децении блиско соработувавме со Јацек, добро знам дека неговата страст кон компанијата и нашите вработени, стремеж кон резултати и длабоко познавање на нашите производи, системи, вредности и инвеститори го прават идеален лидер за да обезбеди континуиран раст на нашата деловна активност и да се испорача вредноста на акционерите. Сакам да изразам голема благодарност до нашиот одбор, извршните директори, вработени, деловни партнери и акционери за нивната поддршка во текот на целата моја извршна кариера. Вие бевте непроценлив извор на инспирација и сила и се чувствувам почестен што имав можност да работам заедно со сите Вас“.

Новиот Генерален извршен директор, Јацек Олцак изјави: “Почестен сум што имам можност да го водам ФМИ.

Работејќи заедно со Андре на трансформацијата на ФМИ, ги изградивме можностите да продолжиме да ја испорачуваме визијата за свет без чад и повеќе од тоа. Јас сум посветен да продолжам да работам со Андре во неговата нова улога и со целиот тим на ФМИ за да обезбедиме огромна деловна можност за иднина без чад, во корист на нашите потрошувачи, акционери и општеството“.

Г-дин Олцак бележи долга кариера во Филип Морис. Тој се приклучи на компанијата во 1993 година и работеше на генерални менаџерски позиции низ Европа, вклучително и како Управен директор на пазарите на ФМИ во Полска и Германија и како претседател на регионот на Европската унија пред неговото именување за Главен финансиски директор на ФМИ во 2012 година. Тој е магистер по економија на Универзитетот во Лоѓ, Полска.

Одборот на директори исто така го номинираше новиот член, Мишел Комбс, што стапува на сила веднаш. Г-дин Комбс, француски бизнисмен, е претседател на СофтБанк Груп Интернешнал и надгледува неколку портфолио компании на СофтБанк. Тој беше Главен финансиски директор, а потоа Извршен директор и член на Одборот на директори на Спринт, Извршен директор на Водафон Европа, Извршен директор на Алкател-Лусент, Извршен директор и Главен оперативен директор на Алтис и Претседател и Извршен директор на групата СФР. Претходно, тој извршувал неколку позиции во француските министерства, во „Франс телеком“ (вклучително и Виш потпретседател и Главен финансиски директор) и во ТДФ (Теледифузија на Франција).