Филипини ќе добие еко – ресорт на вода со ротирачки градби

21

dd

Еко архитектот Винсент Калебу го претстави неговиот последен проект наречен Nautilus. Станува збор за футуристички еко ресорт што ќе зафаќа површина од 27.000 метри квадратни, дизајниран да биде изграден во Палаван, Филипини. Комплексот, меѓу другото, ќе вклучува разни центри за истражување, хотели во форма на школка и ротирачки станбени згради, пишува Inhabitat.

i

Идејата на архитектот е Nautilus да биде самоодржлива заедница којашто вклучува серија ротирачки апартмани, луксузни хотели, основно училиште и спортски центар. Исто така, ќе има и истражувачки центар каде што ќе бидат добредојдени сите кои ќе сакаат да соработуваат со инженери, научници и екологисти во зачувување на околината.

c

Целата конструкција и понатамошното оперирање на комплексот ќе биде со нула емисии, нула отпад и нула сиромаштија, односно ќе се користи само рециклиран материјал од блиската околина. Градбите ќе ја користат сончевата енергија до максимум благодарение на ротирање од 360 степени, а нивната бројка ќе изнесува 164.

tr

Комплексот ќе содржи 12 мали музеи – хотели во форма на полжав коишто ќе бидат изградени од рециклиран бетон. Во срцето на ресортот ќе се наоѓа Оригами планина каде ќе биде сместен центарот за истражување и место за наутички туризам.

Фото: Vincent Callebaut