Филипини: Затворска казна за оние кои нема да се вакцинираат

46

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте се заканува со затворска казна на оние граѓани кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот додека неговата земја води голема битка со заразата и има над 1,3 милиони заболени и повеќе од 23.000 починати.

“Вие одлучувате дали ќе се вакцинирате или ќе одите во затвор“, порачал претседателот во телевизиско обраќање, по информациите за слабиот одѕив за вакцинирање во главниот град Манила.

До 2-ти јуни на Филипините целосно се вакцинирани 2,1 милион луѓе, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на властите е до крајот на годината да се вакцинираат 70 милиони луѓе во земјата што има 110 милиони жители.

Дутерте е критикуван поради остриот пристап во сузбивање на заразата, меѓу останатото, поради цврстата одлука училиштата да останат затворени.

Фото: Pexels