Филозоф со голема љубов кон убавото цвеќе

714

13

Ова е успешната приказна на клиентот Антовски Ангел, во која што Штедилница Можности целосно ја реализира својата мисија.

Со помош на штедилницата, клиентот го започна и прошири својот бизнис во областа на цвеќарството, кој во временски период од 12 години успеа да прерасне во голем и успешен бизнис, добро препознатлив во крајот во кој живее, а и пошироко.

Денес Расадник Ангел се состои од голем број на пластеници со саксиско цвеќе за кое Ангел и неговиот тим се грижат во текот на целата година со посебно внимание и посветеност.

11

Бизнис со традиција од 22 години

Антовски Ангел е академски граѓанин или како што би рекол самиот „Филозоф кој се занимава со цвеќе”. Овој бизнис во неговото семејство има традиција од 22 години, поточно љубовта кон цвеќето во наследство му ја пренел неговиот татко кој се занимавал со режено цвеќе. Уште во студентски денови Ангел му помагал на неговиот татко, така што покрај книгите од Филозофскиот факултет, паралелно ја проучувал и стручната литература од областа на цвеќарството.

По студиите, откако не се одлучил да продолжи со работа според неговата струка, се насочил кон неговата поголема љубов и инспирација – убавото цвеќе.

Неговите пластеници со цвеќе денес се наоѓаат во населбата Сингелиќ и опфаќаат 3.000 м2 земјиште, секоја пластеница со различен вид на цвеќе кое бара макотрпна грижа и посебно внимание во секој период од годината.

Тој верува дека успехот на овој бизнис се состои од неколку клучни работи, а тоа подразбира голема љубов и посветеност кон убавото цвеќе, упорност и истрајност во реализација на визијата и идеите, како и доверба и хармонија меѓу вработените.

Врз база на овие принципи, бизнисот на Ангел функционира сите овие години и на тој начин бележи напредок во работата и обезбедува просперитет во животот.

16

Бизнисот и искуството со Штедилница Можности

Клиентот почнал да се занимава со овој бизнис уште во младите денови кога му помагал на неговиот татко да го продава реженото цвеќе. Во меѓувреме, токму од него дознал за Штедилница Можности. Самото име го привлекло на прв поглед или според неговата асоцијација за истото, „Да ти се укаже можност. Меѓутоа, треба да се знае тоа да се искористи и идејата да стане реалност”, вели Ангел.

Оваа мисла му влеала храброст да се обрати во експозитурата во Аеродром и да ги направи првите чекори за подигнување на кредит за реализација на неговата бизнис цел – подигнување на пластеник, за што го искористил и првиот кредит.

Големо задоволство ни е да кажеме дека денеска, во Штедилница Можности тој користи кредит по седми пат. Подигнатите кредити се наменети за неговиот бизнис, односно за набавка на обртни и основни средства и тоа: семенски материјали, саксии за цвеќињата за претстојните сезони, набавка на најлони и опрема за фолии. Следејќи ги трендовите во неговиот домен на работа, ја олеснил работата со поставување на систем на затоплување во пластениците, како и систем на капка по капка за наводнување.

Сите кредити кои ги подигнал се наменски и придонеле за позитивни промени во неговиот бизнис, кои се манифестираат со проширување на неговите пластеници од 300 м2 земјиште на 3.000 м2.

Она што го диференцира овој клиент во однос на другите е долгогодишното искуство и тоа што тој ги вложува сите средства кои ги стекнува од бизнисот во него и со тоа остварува конкурентска предност. Неговата основна цел е континуирано вложување во бизнисот и зголемување на обемот на работа, да се биде чекор напред пред конкуренцијата, што значи постојани новини во однос на нови видови на цвеќиња во текот на годината, различен спектар на бои итн.

Во неговиот бизнис работи и со семенско производство на цвеќе, како и со расад по ин витро концепт, односно од една мајка билка по вегетативен пат размножува повеќе расади. Со тоа се намалува периодот на одгледување, што значи дека за еден месец и половина се добива квалитетен производ готов за продажба.

15

Неговите пластеници се снабдени со над 35 артикли со цвеќе во текот на целата година, за секоја сезона различен тип на цвеќе кое соодветствува на периодот од годината.

Интересен е фактот што е првиот производител на видот циклама во Македонија.

Препознатлив е по следењето на трендовите и има специфичен однос кон своите клиенти. Љубезноста, гостопримството и човечкиот пристап до секој негов клиент е она што придонесува во градењето на долгорочни односи со неговите соработници.

Неговиот расадник работи малопродажба и големопродажба.

Цвеќето кое го одгледува може да си го дозволи секој кој слушнал за неговата работа. Тоа значи дека негови клиенти се почнувајќи од околното локално население, до големите компании кои имаат потреба од цветни декорации на нивниот ентериер и екстериер.

Интересно е што неговите соработници на големо добиваат комплет услуга со купувањето на цвеќето, од соодветно цвеќе за посебен локал, до самостоен систем за наводнување на цвеќето, со што се олеснува работата околу одржувањето на цвеќето.

Ангел и неговите вработени се секогаш тука да дадат и совет за тие што го купуваат неговото цвеќе, бидејќи се стремат да го направат секој купувач негов верен и долгогодишен клиент.

Особено е среќен што неговиот мал бизнис го претворил во голем и препознатлив бренд во градот и што со неговото проширување придонел во обезбедување на животна егзистенција за повеќе семејства.

Како што вели Ангел, доволно е човек да има своја визија и цел, но и желба да ја оствари. Како доказ, приказната околу неговите почетоци за пласирање на цвеќето е доволна инспирација. Имено, со само една мала масичка и чадор за сонце во близина на пазарчето во населбата Аеродром во Скопје, успеал да го продаде целото цвеќе од првиот негов пластеник. Тука му помогнала и неговата љубезност и умешност во продажбата, при што според Ангел, освен квалитетен производ битна е и интерактивната комуникација со секој поединечен купувач. Од тоа мало место за првпат луѓето слушнале за Ангел и неговото цвеќе, кое понатаму ќе краси голем број на значајни локали во градот, а и пошироко.

12Освен тоа, позитивните промени во бизнисот, обезбедиле доволно средства за задоволување и на личните потреби на семејството Антовски.

Во разговор со клиентот, дознавме дека нему особено му значи нашата поддршка и дека низ годините сме успеале да ја придобиеме неговата наклонетост. Посебно е благодарен, затоа што Штедилница Можности му излегла во пресрет во периодите кога најмногу му било потребно, со што се постигнала реализација на неговите бизнис цели. Вработените во штедилницата знаеле уште од самиот почеток да ја сфатат неговата психологија на работење, првенствено разбирајќи го Ангел како човек, а потоа како бизнисмен и истраен вреден работник со челична волја, посветеност и истрајност во работата, што на крајот придонесува за исполнување на неговата зацртана цел. Неговиот успех е успех и на Штедилница Можности.

Сите овие факти придонесуваат, клиентот да ја препорачува Штедилница Можности на своите пријатели и да ја презентира како финансиска институција која во фокусот на своето внимание го има клиентот и неговите потреби. Усната реклама е една од најмоќните средства во маркетингот и нејзиниот ефект е повеќекратен.

Оваа успешна приказна и неколку слични ни се императив во работењето и целиот тим на Штедилница Можности настојува да обезбеди што е можно повеќе вакви успешни стории.