Финанце: Триглав размислува да се повлече од Чешка

21

triglavСловенечката осигурителна куќа Триглав најави дека размислува да се повлече од Чешка, пишува Финанце.

Триглав планира да ја продаде својата чешка фирма Триглав појиштовна, која минатата година ја заврши со два милиони евра загуба.

“Триглав го проценува своето континуирано присуство на чешкиот пазар од аспект на значењето на тој пазар за групата во однос на постигнувањата на потребните стратешки цели”, стои во соопштението на Триглав, пренесува Финанце.

Триглав во Чешка е присутен од 2000 година.