Financial Times прв пат по 131 година добива жена уредник

45

Магазинот Financial Times за прв пат, откако е основан во 1888 година, именува жена на уредничка позиција.

Роула Калаф ја презема позицијата од Лионел Барбер, кој најави дека си заминува во јануари по 34 години работа во овој финансиски магазин со розови страници.

Калаф работи во Financial Times 24 години, а заменик уредник на магазинот е од 2016-та година.

Инаку, Financial Times беше продаден на јапонската медиумска компанија Nikkei во 2015-та година.

Фото: Facebook