Финансиска инјекција од 854 евра за секој граѓанин во Јапонија

58

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе најави дека секој граѓанин на земјата ќе добие еднократна парична помош од 854 евра, без оглед на нивната имотна состојба.

“Ќе вложиме напори сите брзо да ги добијат парите“, рече Абе.

Тоа, како што објасни Абе, е дел од мерките за заживување на економијата, којашто е во опаѓање поради ширењето на коронавирусот.

Во Јапонија се регистрирани 9.100 заразени од коронавирусот, од кои 148 починаа.

Властите првично воведоа вонредна состојба во седум региони, меѓу кои и Токио и Осака, но таа мерка беше проширена на целата земја, за да се спречат патувањата за време на таканаречената “Златна недела“ кон крајот на април и почетокот на мај, кога Јапонците обично имаат една недела одмор.

Фото: Pixabay