Финансиската поддршка за плати продолжува

54

Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со субвенциите за плати за компаниите, нагласи дека никогаш не е кажано оти финансиската поддршка за плати ќе се укине.
“Ќе повторам само неколку факти. Кога финансиската поддршка за плати беше воведена во април месец за поддршка на платите во април месец имавме 128 илјади вработени поддржани со таа мерка. Тогаш јасно беше кажано дека со уредбата ќе се поддржат компаниите коишто имаат пад над 30% и притоа финансиската поддршка ќе стане неповратна ако инвестираат во човечките кадри, ако инвестираат во нови технологии, ако инвестираат во стандардизација на процеси итн. Значи, имаше услови коишто треба да се исполнат за да стане неповратна и ако финансиските резултати на крај на годината на тие компании коишто ја имаат искористено помошта е позитивна они ќе треба да вратат одредени средства. И затоа таа продолжи во мај, во јуни”, нагласи Битиќи.
Вицепремиерот посочи дека бројот на вработени коишто биле поддржани со плати опаѓал од месец во месец, за да се дојде во месец декември, кога беше шестиот месец на субвенции во стопанството, до 60 илјади вработени кои се некако поддржани со мерката финансиска поддршка на плати.
“ Тоа укажува дека компаниите коишто се директно погодени од ковид или е паднат или падот не е над 30% затоа што нема друг логичен аргумент и констатација од сето тоа затоа што бројот на компании опаѓа, бројот на вработени коишто бараат опаѓа и кумулативно што е уште еден дополнителен факт ние во финансиската поддршка за плати во октомври, ноември и декември направивме скалеста поддршка во која што на најпогодените, тие коишто имаат 80 % пад и повеќе им дававме бруто минимална плата од 22 илјади денари. Компаниите коишто тоа го имаат искористено е минимален или на ниво на статистичка грешка 3 до 5 отсто од вкупниот број. Сите други спаѓаат во категоријата околу минималната плата или просечната поддршка добиена во трите месеци на крај на годината со финансиската поддршка на плати е 15.800 наспроти 14.500 во првите три месеци кога ја дадовме поддршката”, образложи Битиќи.
“Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има. Но, делот којшто го разговараме е моделот којшто ќе биде општо заедно прифатено и затоа веќе 10-ина дена непосредно комуницираме со синдикати, со комори, ги слушаме нивните забелешки и најверојатно во брзо време, да не кажам утре, задутре, ќе донесеме одлука кој е најприфатливиот дел којшто ќе одговори на тие на кои навистина им е најпотребен“, истакна Битиќи.