Финансиската состојба на фирмите од градежништвото е подобрена

17

gradezВо четвртиот квартал од минатата година во однос на третиот квартал економската состојба во фирмите од градежништвото била понеповолна. Состојбата била поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година, оцениле раководителите на фирмите од градежништвото, во анкетата на Државниот завод за статистика.

Според нив оценката за финансиската состојба на нивните фирми споредено со третиот квартал од 2012, како и во однос на четвртиот квартал од 2011 била подобра.

Во четвртото тримесечје од минатата година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се на исто ниво, како и во претходното тримесечје, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се влошени. Во наредниот период се очекува намалување на продажните цени.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 24,2%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 13,4%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 13,4% и немањето побарувачка со 11,9%.

Државниот завод за статистика (ДЗС) денес објави дека во декември лани се издадени 277 одобренија за градење што е за 8,2%  повеќе во однос на истиот месец од 2011 година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.965.275.000 денари што е за 53,5% повеќе во однос на декември 2011 година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 189 се наменети за објекти од високоградба, 36 за нискоградба, а 52 за реконструкција. Од вкупно 277 објекти, кај 201 (72,6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 76 објекти (27,4%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 587 станови, со вкупна корисна површина од 48.503 метри квадратни.