Финансиски експерт откри стратегија како да заштедите повеќе пари

317

На некој му треба учество за стан, некој сака да патува кога ќе заврши кризата, а можеби и да купи нов автомобил. Сè на сè, парите нема да паднат од небото, научете мудро да управувате со нив.

Дали мислите дека лесно би можеле да заштедите ако имате подобра плата? Во пракса не е така. Овие изјави честопати се одраз на сопственото оправдување и, всушност, не доведуваат до целта. Обидете се да размислите малку поконструктивно. И покрај сметките и стандардните трошоци што не можеме да ги избегнеме, секој од нас троши пари, без сомнение  и на некои “глупости“ (работи што не ни требаат).

Ако имате пет пара патики, дали навистина ви треба шести пар? Една од причините за таквото, честопати импулсивно трошење е недостаток на визија. Експертот за финансии, Нејт Обрајан нуди универзални совети на YouTube за тоа како подобро да управувате со вашите пари.

Поставете првични цели

Запрашајте се каде сакате да бидете за половина година или пет години од денес. Колку се повисоки амбициите, толку се поголеми парите резервирани за заштеди. Многу е важно да знаете што сакате.

Создадете месечен буџет

Ако немате волја навистина да заштедите пари, дури и најдобрите апликации нема да ви помогнат. Роковник и пенкало се сосема доволни, а потоа започнете со планирање од месец во месец. Ставете на хартија вашата месечна плата и фиксни трошоци (комунални услуги, храна, школување …), а потоа додадете колку ви останува. Тоа е бројката што ја имате за тој месец. Ако не ги пресметате приходите и трошоците, никогаш нема да можете да знаете каде отидоа вашите пари. Во процесот на штедење, заборавете на минус и кредитни картички.

Секундарни цели
Не започнувајте веднаш да издвојувате голема сума пари за заштеда, направете го тоа постепено. На прво место е храната, трошоците околу куќата / станот, потоа превозот, облеката и здравјето. Ако се фокусирате на овие работи, полесно ќе ги поставите приоритетите.
Важно е не само што, туку и колку купувате.

Фото: Pixabay