Финците најавуваат арбитражна постапка против Газпром: „Нема да го прифатиме барањето на Москва“

175

Финскиот државен енергетски снабдувач Гасум најави дека нема да го прифати барањето на Москва да го плати гасот во рубљи и најави дека поради тоа ќе покрене спор пред арбитражен суд против Газпром експорт, подружница на рускиот државен енергетски гигант Газпром.

„Во оваа ситуација, Гасум немаше друг избор освен да иницира арбитража во врска со договорот. Во оваа предизвикувачка ситуација, ќе сториме се за да можеме да ги снабдиме финските клиенти со потребната енергија“, се вели во изјавата на главниот извршен директор на Гасум, Мика Виланен.

Компанијата планира да увезува енергија во текот на претстојната летна сезона преку гасоводот Baltic Connector, кој ги поврзува финските и балтичките гасни мрежи преку Финскиот залив.

Гасум призна дека ограничениот транспортен капацитет на гасоводот може да биде проблем. Како долгорочно решение, Финска има намера да изнајми пловечки терминал со Естонија за увоз на течен природен гас (LNG).