Финец разнесе Tesla Model S, откако ја дозна цената за поправка (Видео)

332

Туомас Катаинен, од Финска сопственикот на Tesla Model S од 2013 година го привлече вниманието на јавноста со уништување на сопственото возило. На тој чекор се решил поради општото разочарување од споменатиот автомобил, но и од марката.

По почетниот убав период со електричниот седан, Катаинен почна да добива разни известувања во вид на предупредувања на таблата со инструменти. Затоа тој одлучи да го испрати својот Model S во овластен сервисен центар за да ги реши проблемите. Откако поминал еден месец во сервис, добил известување од Tesla дека проблемот може да се отстрани само со замена на батериите!

Ваквиот потег Катаинен би го чинел најмалку 20.000 евра, кои Финецот, не бил подготвен да ги плати.

Тумас Катаинен употребил 30 килограми динамит за да го разнесе својот Tesla Model S, откако му откажала батеријата на автомобилот.