Финска и Естонија планираат изградба на подводен железнички тунел од 13 милијарди евра

102

finska i estonija

Финска и Естонија ќе ја разгледаат можноста за заедничка изградба на подводен железнички тунел што ќе ги поврзе нивните главни градови, пишува BBC.

Тунелот, чија изградба би чинела околу 13 милијарди евра, ќе ги поврзе Хелсинки и Талин, коишто ги одвојува Балтичкото море.

Десетина илјади Естонци секојдневно патуваат во Хелсинки поради работа, додека голем број туристи од Финска го посетуваат Талин.

Железничкиот тунел ќе го скрати времето за патување меѓу двата града за околу половина час.