Финска: И татковците на породилно исто како и мајките

56

Новите власти во Финска најавуваат дека во план е двајцата родители да добијат исто породилно отсуство. Целта на ваквата мерка, како што пишува ВВС, е татковците да поминат повеќе време со своите деца.

Платеното породилно отсуство ќе се зголеми на 164 денови за секој од родителите. Властите во Финска на овој начин сакаат да промовираат благосостојба и рамноправност на двата пола.

Во Шведска, кога станува збор за породилно отсуство, родителите добиваат 240 слободни денови по раѓање на детето.

Според моменталниот систем во Финска, породилното отсуство за мајките трае 4,2 месеци, додека татковците имаат 2,2 месеци кои можат да ги искористат додека детето не наполни две години. Дополнителните шест месеци може да ги поделат двајцата родители, но во просек само еден од четворица татковци го реализираат тоа право.

Според новиот план, секој од родителите ќе добие 6,6 месеци отсуство, а трудниците би добиле дополнителни слободни денови. На родителите ќе им биде дозволено да ги пренесат своите 69 денови. Самохраните родители ќе можат да ги користат двете опции.

Оваа нова мерка ќе ја чини тамошната влада дополнителни 100 милиони евра.

Португалија веќе има родово неутрален систем со 120 слободни денови во коишто се исплаќа полна плата и дополните 30 дена во коишто се исплаќа 80% од платата.

Татковците во Данска имаат две слободни недели по раѓање на нивното дете, а мајката и таткото заедно може да поделат 32 недели.

Фото: Pexels