Финска купи дел од акциите во Nokia за 844 милиони долари

29

nokia-623939_960_720

Фото: Pixabay

Финската влада купи 3,3% од акциите во Nokia во вредност од 844 милиони евра, со цел да го зацврсти своето влијание над компанијата, пишува Nytimes.

Nokia го предводеше глобалниот пазар на мобилни телефони пред една деценија и токму колапсот на тој бизнис беше главната причина за една деценија на економска стагнација, од којашто Финска се уште се опоравува.

Компанијата има 6.300 вработени во Финска, додека на глобално ниво бројката изнесува 102.800. Фокусирана на индустријата со телекомуникациски мрежи каде што им конкурира на шведскиот Ericsson и кинескиот Huawei.

Моментално три фински пензиски фондови во овој момент поседуваат помалку од 3% од Nokia.