Фински Lindstrom доаѓа во Србија

34

Lindstrom

Финската компанија Lindstrom, која се занимава со производство и одржување на работна облека, оваа година ќе отвори претставништво и во Србија.

Lindstrom пласира производи и услуги, кои опфаќаат набавка и изнајмување на работна облека, нејзино одржување, транспорт и замена.

Новиот центар ќе биде отворен во Белград, а нарачки ќе можат да се прават уште оваа есен.

Освен во Србија, оваа компанија во регионот веќе е присутна во Хрватска.

Компанијата е основана во 1848 година. Lindstrom е пионер во оваа област и претставува еден од лидерите во областа на текстилните услуги во Европа. Седиштето е во Хелсинки, а има претставништва во 23 земји во Европа и Азија.