Финти што ги користат трговците за да потрошите повеќе

138

Сигурно ви се случило да појдете да купите две работи, а излезете со полна кеса. Тоа е затоа што продавниците имаат “невидливи тактики“ кои ве тераат да трошите.
Некои аналитичари го споменуваат Costco effect, кој означува психолошки ефект со кој се служат рестораните и продавниците, за да ве привлечат да потрошите повеќе, а за тоа не сте ни свесни.

Овие се таканаречени “предизвикувачи за купување“, кои му пркосат на планираниот буџет и честопати ве ставаат во минус. Експанзијата на трговските центри дополнително придонесе за тоа, со оглед на тоа што клиентот е “заробен“ на еден голем простор, опкружен со бројни излози.

Можеби ова никогаш не ви паднало на памет, но некои продавници поставуваат канти за отпад пред влезот, бидејќи минувачите обично носат во рацете нешто за фрлање. Кога ќе ја видат кантата се приближуваат до објектот што ги наведува да влезат иако не планирале.

Експертите велат дека купувачите сакаат “чисти излози“, со неколку парчиња облека, чевли, акцесоари. Тоа ги асоцира на луксуз и квалитет. Откако ќе успеат да ве привлечат да влезете во продавницата, почнува вториот дел од планот, а тоа е да потрошите повеќе.

Тука настапува терминот Traffic Flow. Целта е да се задржите подолго и полека да се движите низ просторот, за да забележите повеќе работи. Истражувањата покажуваат дека 90% од купувачите кога ќе влезат во продавница вртат десно, а трговците според тоа го прилагодуваат и изгледот на продавницата.

Tие внимателно ги дизaјнираат и премините. Ако се широки, купувачот брзо ќе помине и ќе го земе тоа што му треба, но ако се тесни ќе се движи побавно. Ја користат и тактиката big-box, ставање на работи среде продавница.

Фото: Pixabay