Фото: BioLite
BioLite, старт – ап со седиште во Њујорк, креираше скара што не испушта чад и овозможува да седите покрај топлиот оган без непријатна миризба и штетни гасови. FirePit работи на дрва и јаглен и ја готви храната на најдобар можен начин.
Во внатрешноста на скарата има вградено 51 воздушна млазница од коишто навлегува кислород во огнот онаму каде што треба. Кислородот се разнесува на клучните места благодарение на вентилатор којшто е сместен во портокалова кутија што се полни преку USB кабел. Така се создава оптимална температура насекаде, гасовите се мешаат и согорувањето значително се подобрува.
Системот за проток на воздух има четири брзини, од минимален оган до силен пламен. Корисникот може да го контролира огнот директно од изворот на енергија инсталиран на FirePit или преку бесплатна апликација за Android и iOS оперативни системи.
Скарата доаѓа и со специјална водоотпорна навлака којашто освен што ја заштитува FirePit, истата ја полни користејќи ја сончевата енергија. Производот моментално има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано повеќе од пола милион долари од првично побараните 100.000.
Кампањата трае уште 30 дена.