Фирми кои не плаќаат данок ургираат за да не платат казни

98

Има фирми коишто не плаќаат данок, трагедијата да биде поголема, истите тие кои не работат добро, истите тие реагираат и бараат начин како да не ја платат казната, изјави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

“Борбата е со овие нерегистрирани компании кои не плаќаат данок, а прават голема штета. Тие се почесто мета на контроли, проверки блокирани сметки, од оние кои се регистрирани. Трагедијата да биде поголема, истите тие кои не работат добро, истите тие реагираат и бараат начин како да не ја платат казната. Да не заборавиме дека владата ја ублажи казнената политика. И на сето тоа повторно се ургира и повторно не сака да се плати казната“, рече Лукаревска на ТВ 21.