Фирмите се повеќе бараат аванс

57

Фирми се почесто сакаат да им се плаќа во аванс или да ги добиваат парите веднаш откако ќе ја испорачаат стоката. Плаќање на одложено никој не го прифаќа, велат бизнимените во Бугарија. Главната причина за тоа е недостатокот на доверба поради кризата.
Според анализите, градежништвото е најпогодениот сектор, таму одложеното  плаќање трае со години. Главната причина за тоа е што фирмите се дават во долгови, а некои и веќе банкротираа. Прехранбената индустрија, пак, се наоѓа во најдобра состојба.
Според експертите оваа индустрија најлесно може да се прилагоди и најбрзо се опоравува од повеќе стресни ситуации. Но, на крајот на краиштата нема сектор, кој не е повреден од светската криза. Според различни статистики, фирмите си должат меѓу 100 и 200 милијарди евра.