Фото: Pexels
Основачот на Lastminute.com, страницата за организација на патувања и купување на влезници за разни настани, Брент Хоберман покрена приватен инвестициски фонд за инвестирање во технолошки компании во рана фаза на развој. Firstminute Capital фондот ќе инвестира во старт – ап компании низ Европа, пишува Business Insider.
Фондот во технолошките компании ќе инвестира од 250.000 до 750.000 долари.
“Верувам дека европските технолошки стартапи ќе продолжат да растат како во изминативе 10 години. Се надевам дека ќе им помогнеме на следната генерација претприемачи преку давање на поддршка и кредибилитет“, вели Хобермен.
Вкупниот износ со којшто располага фондот изнесува 60 милиони долари, а е собран од страна на приватни инвеститори и технолошки компании.
Голем број на претприемачи дадоа свој придонес во новиот фонд вклучувајќи ги основачите на компаниите како Skype, Supercell, Betfair, Zoopla, King.com, Skyscanner, BlaBlaCar, Net-a-Porter.