Агенцијата Fitch го намали кредитниот рејтинг на Србија од досегашниот BB- на B+, соопшти министерството за финансии, пренесуваат српските медиуми.
Како главни причини за оваа одлука, агенцијата ги наведува растот на дефицитот во 2014 година по основ претходно преземени обврски, како и општата состојба на јавниот долг во однос на висината на бруто домашниот производ, но и неспроведувањето на претходно најавените структурни реформи во претходните години.
Како позитивни страни агенцијата ги наведува започнувањето на преговорите со Европската унија, намалување на дефицитот на тековната сметка на платниот биланс, зголемувањето на девизните резерви и почетокот на преговорите со ММФ, кој е планиран за февруари оваа година.