Fitch го усогласи рејтингот на ПроКредит Банка со кредитниот рејтинг на Македонија

20

procredit

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг, Fitch, на 19 август 2016 година го намали кредитниот рејтинг на државата Македонија на ББ, што се должи на политичката криза во Македонија. Согласно тоа, рејтингот на ПроКредит Банка е усогласен единствено поради промените на рејтингот на Македонија. Ниедна институција не може да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно. ПроКредит Банка Македонија има рејтинг уште од ноември 2005, откога и Македонија како држава добива рејтинг, стои во соопштението на Банката.

ПроКредит Банка е единствената банка во Македонија која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Фич и сè уште го има највисокиот рејтинг на банка во Македонија. Рејтингот е резултат на квалитетното кредитно портфолио, навремено обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност.

ПроКредит Банка е 100% германска банка, дел од ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт, Германија со кредитен рејтинг од БББ со стабилен изглед.

Македонија го има добиено својот прв кредитен рејтинг ББ во 2005 од страна на агенцијата Fitch, врз основа на ниската стапка на инфлација и умерениот јавен долг. Во 2006 година истиот е подобрен на ББ+ поради позитивните односи со ЕУ и потенцијално членство во Унијата. Веќе 10 години агенцијата Fitch го потврдува овој рејтинг за Македонија сè до сега, кога поради долгорочната политичка криза и намалениот економски раст се намалува кредитниот рејтинг на ББ.