Fitch Ratings повторно и го потврди високиот рејтинг на ПроКредит Банка

19

prokredit1 Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings во 2014 година повторно го потврди кредитниот рејтинг од ББ+ на ПроКредит Банка Македонија и ја зголеми оценката за индивидуалната кредитна способност на Банката од b на b+.

Зголемувањето на оценката годинава се должи на добриот квалитет на активата и ниското учество на кредити во доцнење над 90 дена, кое од 2010 се одржува во опсег од 2% до 3% и во континуитет е под просекот на банкарскиот сектор, стои во соопштението на банката.

Долгорочниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на позитивните резултати на Банката меѓу кои: квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и диферзифицираната депозитна база, како и поддршката од акционерите, пред се ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија, со седиште во Франкфурт, Германија.

Од 2005 година, агенцијата Fitch Ratings редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката, задржувајќи ја оценката ББ+, кој е највисокиот кредитен рејтинг што финансиска институција во Македонија може да го добие.

Fitch Ratings е глобална рејтинг агенција, една од големите три рејтинг агенции кои спроведуваат независни оценки на кредитниот рејтинг според меѓународни споредливи стандарди. Кредитниот рејтингот претставува унифицирана меѓународна мерка која дава севкупна оценка на сигурноста и стабилноста на финансисиката институција во даденото макроекономско опкружување.