Фитнес центар се напојува со струја од вежбање на справите

198

Фото: Sacramento Eco Fitness

Sacramento Eco Fitness, сала за вежбање во Калифорнија, се напојува со енергија благодарение на луѓето кои вежбаат на нејзините справи објави Inhabitat. Таа е целосно опремена од иновативната опрема ECO-POWR на SportsArt.

Дури луѓето трчаат на подвижните ленти, возат статичен велосипед или вежбаат на некоја од другите специјализирани справи, во просторијата се генерира електрична енергија, што овозможува два фрижидери да работат 24 часа без прекин. Истовремено, прилично и се заштедува, а доказ за тоа е сметката за струја којашто од 680 долари месечно се намалила на само 30 долари.

Во финтес центарот се користат неколку справи и секоја од нив може да произведе до 200 вати на час.

Машините се опремени со микро инвертер, сличен на оние што се користат во соларни панели и турбини на ветер. Овој инвертер овозможува справата да ја искористи кинетичката енергија произведена за време на вежбањето.