Фото: Kickstarter
FITT360 е камера што снима во 360 степени, се носи на врат и не ги попречува секојдневните обврски на корисникот.
Дизајнирана е специјално за да прави панорамски видеа без потреба од управување со раце. Камерата има и опција за споделување на видеа во реално време преку социјалните мрежи и креира мапа на движење според направените видеа преку GPS.
Кога не се користи како камера, FITT360 се трансформира во уред за слушање на музика или телефон. Има три HD камери и може да снима до 90 минути.
Нема потреба од поврзување со мобилна апликација за исклучување и вклучување на уредот. FITT360 доаѓа во три големини: мала, средна и голема што се приспособуваат корисникот.
Производот има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter каде досега има собрано 267.990 долари од побараните 50.000. Кампањата трае уште 23 дена.