Фото: Kickstarter
Fittbo е иновативна кутија за ручек којашто е тенка, непропустлива, лесна за употреба и чистење.
Кутијата е висока само четири сантиметри и лесно може да се вклопи во чантата на корисникот. Димензиите на кутијата се (23,5 на 23,5 сантиметри) и е организирана со посебни прегради за поттикнување на балансирана исхрана.
Во неа има одделни делови за ужина и дел наменет за главниот оброк којшто е поделен во три дела: една четвртина за протеини, четвртина за јаглехидрати и една половина за зеленчук, исто така има и одделен простор за прибор за јадење и салфетка.
За разлика од другите кутии, Fittbo е непропустлива и може да се транспортира вертикално, а воздушните комори и панели обезбедуваат термо – изолација што спречува брзо ладење на храната.
Американскиот старт – ап Fittbo ја постави кутијата на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 15.000 долари, а досега се собрани над 162.700 долари. До крајот на кампањата има уште 10 дена.