Fitz: Старт – ап што го средува нередот во плакарите

24

fitz-facebook

Фото: Facebook

Fitz е иновативен американски старт – ап што на корисниците им помага да се справат со нередот во плакарот.

Оние кои мака мачат со големите купови облека во плакарите, Fitz им доаѓа на помош. Овој старт – ап ангажира своите стилисти кои го средуваат нередот и им го олеснува начинот на функционирање на корисниците. Исто така, доколку има премногу облека што повеќе не се користи, истата може да се донира или препродаде. Ако корисникот има потреба од одредени корекции на облеката, Fitz го овозможува и тоа.

Двајца стилисти заминуваат на терен, на барање на корисникот, каде што за три часа ги преуредуваат плакарите и даваат одредени совети како да се одржува редот и понатаму.

Користењето на услугите на Fitz чини 300 долари.