Flexwarm – технологија што затоплува преку облеката

31

sam_tech_2-1

Фото: 8kflexwarm

Компанијата 8K Flexwarm, со седиште во Лондон, после петгодишно истражување креираше иновативна технологија наречена Flexwarm со чија помош создадоа ултра тенок, флексибилен, затоплувачки уред што може да се испечати на ткаенина.

Благодарение на овие карактеристики, грејачот може да се нанесе директно на материјалот и да го затопли оној што го носи. Нивната колекција на јакни, 8K Heated Apparel, е ултра лесна, издржлива и лесна за одржување.

Лесниот грејач е испечатен на внатрешната страна на јакните и елечињата од брендот и потоа распореден помеѓу надворешните и внатрешните слоеви на ткаенината со цел да создаде три контролирани затоплувачки зони.

Технологијата се поврзува со апликација на смартфон и преку Bluetooth корисникот ја регулира температурата и начинот на загревање. Едно полнење на грејачот е доволно за истиот да издржи цел ден.