Flippy – кујнски робот што прави скара

53

miso-robotics

Фото: Facebook

Flippy е кујнски робот, на компанијата Miso Robotics, што прави скара, пишува New Atlas.

Роботот користи компјутерска визија и вештачка интелигенција за да може да ги пече плескавиците што се потребни за правење хамбургери. Со негова помош, готвачите во рестораните ќе посветат повеќе време на подготовка на храната, бидејќи се ослободени од напорното стоење пред скарата.

Flippy може да препознае дали плескавицата е доволно испечена, а ја препознава и раката на готвачот што го става месото на скара. Кога ќе биде доволно испечена од едната страна, Flippy ја зема плескавицата и ја превртува од другата страна.

Овој кујнски робот е во демо верзија, но се очекува да почне со работа на почетокот на следната година, а веќе во 2019 година да биде поставен во над 50 CaliBurger ресторани.