Flixbus стигнува во Црна Гора

49

flixbus-2461656_960_720

Фото: Pexels

Најголемиот германски автобуски превозник FlixBus наскоро отвора линии во Црна Гора, а првото возење е планирано од средината на јуни, пренесува порталот SEEbiz.

Првите автобуси на FlixBus во Црна Гора ќе поаѓаат од Будва, Твит, Котор и Херцег Нови, а ќе возат кон Дубровник во Хрватска и кон Будимпешта и Голема Кањижа во Унгарија.

На веб страната на FlixBus уште сега може да се купат карти за овие дестинации по различни цена, а билет за првото возење од Котор до Будимпешта на 16ти јуни, ќе чини 54,9 евра. Патувањето ќе трае 17 часа.