FLoC наместо “колачиња“

29

Google го напушта користењето на таканаречените колачиња за следење на корисниците што им овозможува испраќање на персонализирани огласи, но предизвикаа големо негодување од поборниците за заштита на приватноста, пишува AFP.

“Колачињата“ секогаш се главен начин за поголемиот број огласувачи да собираат лични податоци за корисниците преку прелистувачи или интернет страници што ги употребуваат корисниците. Тие имаат податоци за посетување на страниците, времето поминато во прегледување или подесувањето за време на прелистувањето.

Google планира на крајот на оваа година да го укине вообичаениот начин на којшто компаниите ги следат корисниците и започнаа со тестирање на FLoC кај огласувањето.

FLoC е кратенка од Federated learning of cohorst што значи користење на машинско учење што прави групирање на основа на вообичаеното однесување на корисниците додека пребаруваат различни страници и своевидна замена за “колачињата“.

Фото: Freepik