Flow – револуционерно глувче со поголема функционалност

29

flow

Flow е името на еден малку поинаков глушец за компјутер, што во себе интегрира три технологии. Тој ги препознава гестовите на рацете, има сензори за допир и интеракција што им овозможува на корисниците удобно да ја пренесат наредбата во дигиталниот свет.

Овој уред може да програмира кратенки до омилените активности, како што се графички дизајн, уредување на видеа, репродукција на музика, општ преглед и различни видови на презентации.

flow 1

Flow може да се движи 360 степени, а неговата кружна форма има повеќе од 1.000 прецизни точки, што овозможуваат прецизно движење.

Уредот го олеснува користењето на програмите како што се Photoshop, Spotify и Rhino 3D. Зад неговиот дизајн стои хардвер компанијата Senic од Германија, која постојано пронаоѓа нови хардверски решенија за да обезбеди поголема функционалност и лесно користење на софтверот.