FMCG самит – прв самит за трговија со стока за широка потрошувачка во Македонија

31

konferencija

Се ближи датумот на првиот FMCG самит во Македонија што го организира магазинот InStore на 12 мај во хотелот Александар Палас. Програмата финализирана, говорниците подготвени, пријавите се во тек!

По успешно реализираните маркетинг-самит и FMCG-самит во Белград и Сараево, македонската редакција на InStore гордо го најавува првиот FMCG-самит во Македонија закажан за 12 мај.

Повеќе од 300 претставници на менаџментот, секторите за набавка, трејд маркетинг, продажба од над 130 трговци, произведувачи, дистрибутери на FMCG-производи, консултанти, агенции и компании кои водат придружни дејности ќе бидат дел од првиот FMCG самит во Македонија.

Темите кои се интересни за FMCG секторот се во огромен број, а секојдневно се актуелизираат и нови аспекти на работењето на компаниите од оваа област. За првиот FMCG самит, InStore заедно со еминентните говорници од регионот, подготви програма која содржи одлични теми преку кои ќе се споделат искуствата и знаењата за трговијата со стока за широка потрошувачка.

„Преку инспиративните приказни за патот од трња до звезди ќе биде претставен успешниот македонски FMCG бизнис модел, а ќе се говори и за иновациите во бизнисот. Дел од програмата е посветен на дистрибуцијата, нејзината комплексност, карактеристиките на добриот доставувач и долгорочноста на трговскиот партнерски однос. Се разбира, купувачот има централно место, па ќе се осврнеме и на навиките на купувачот, но и на промоциите кои се атрактивни и за купувачите и за трговците. Самитот ќе се заокружи со дискусија за тоа кон каде се движи FMCG секторот во Македонија. Се надеваме дека ќе понуди јасни насоки за успечен натамошен развија на FMCG секторот и ќе отвори нови перспективи за зајакнување на соработката помеѓу сите негови субјекти“, изјави Верица Мартиновска, одговорен уредник на InStore.

Првиот FMCG самит несомнено ќе биде најголем настан за FMCG секторот во Македонија до сега, а InStore и натаму ќе работи посветено за овој настан да прерасне во традиционален годишен настан што ќе ги собира на едно место сите клучни луѓе од секторот.

Сите подетални информации за првиот FMCG-самит во Македонија можете да ги погледнете на http://fmcg-summit.mk.