
Работничкиот совет на „Фолксваген“ го критикуваше менаџментот на компанијата, поради, како што вели, „катастрофална комуникација“ во врска со ситуацијата во компанијата.
Вработените и нивните семејства се „вознемирени и исплашени“ поради неизвесноста, според пораката од работничкиот совет, објавена од „Ројтерс“.
Работничкиот совет бара појасни информации за иднината на поединечните фабрики, како и за евентуалното намалување на бројот на вработени, бидејќи тврдат дека најважните информации ги добиваат само од медиумите.











