Фолксваген отпушта 30.000 работници?

61

Фолксваген размислува да отпушти до 30.000 работници со цел да ги намали трошоците и да ја подобри конкурентноста со играчи како Тесла, пишува денеска Ханделсблат.

Весникот се повиува на презентацијата на извршниот директор на компанијата Херберт Дис.

“Нема сомнение дека треба да се справиме со конкурентноста на нашата фабрика во Волфсбург во однос на новите учесници на пазарот, рече портпаролот на компанијата Михаел Манске, додавајќи дека дискусијата е во тек и дека веќе има многу добри идеи, но уште нема конкретни сценарија.

Портпаролот на работничкиот совет Фолксваген посочи дека, иако нема да ги коментира шпекулациите дали Дис навистина го кажал тоа, оцени дека укинувањето на 30.000 работни места е апсурдно и неосновано.