Фолксваген прекина со нови вработувања

16

Најголемиот европски производител на автомобили, концернот Фолксваген, нема да вработува нови работници до понатамошно известување. Тоа е дел од планот за штедење кој раководството е принудено да го следи поради ниските плати.
Како дел од програмата за штедење, која треба да заштеди на Volkswagen групацијата од Волфсбург милијарди евра, ангажирањето на нови работници и отворањето на нови работни места се стопирани до понатамошно известување. „Поради програмата за ефикасност, засега нема да има надворешни вработувања“, потврди во петокот за Business Insider портпаролот на Volkswagen. Сите фабрики во Долна Саксонија и Хесен се погодени од оваа мерка.

Заднина на оваа мерка е програмата за ефикасност која раководството на Фолксваген ја преговара со синдикатот од почетокот на октомври. Програмата треба да ја извлече VW од сегашните тешкотии предизвикани од високите трошоци и честите прекини на производството, со кои концернот се бори од почетокот на пандемијата на коронавирус. Дополнително, електричните автомобили не се продаваат во количини што ги очекуваше раководството, а концернот сè уште се влече по судови поради аферата со дизелите. Конкретно, продажбата на важниот кинески пазар падна.