
Групацијата Volkswagen продаде 6,52 милиони возила ширум светот во првите девет месеци од оваа година, се вели во нивното официјално соопштение.
Севкупно, ова значи пад на продажбата од 3%. Кога се зборува за одделни региони, раст е забележан во Северна Америка (+7%) и Јужна Америка (+15%), додека пад на продажбата е забележан во Западна Европа (-1%) и особено во Кина (-10%).
Што се однесува до електричните возила, VW продаде 506.500 од нив, што значи 4,7% помалку од истиот период лани. Значително повеќе електрични возила се продадени во Кина (+27%), додека во САД е забележан голем пад на продажбата (-26%).
Европа, според VW, останува лидер бидејќи имаат 19% удел на пазарот на електрични возила, иако продажбата е нешто послаба од 2023 година. Во светот, групацијата VW испорача 192.000 хибридни возила во првите девет месеци од оваа година.
Најпродавани електрични возила на групацијата VW се VW ID.4/ID.5 (135.200 продадени единици), проследено со VW ID.3 (105.900), Audi Q4 e-tron (78.800) и Škoda Enyaq (50.800), пренесува Б92.