Фонд од Абу Даби инвестира 738 милиони долари во кинески Nio

22

Кинескиот производител на електрични автомобили Nio во вторникот објави дека добил 738,5 милиони долари нов капитал од фонд во сопственост на владата на Абу Даби.
Стратешката инвестиција на крајот му дава на фондот, CYVN Holdings, 7% од акциите во Nio.

Според соопштението, цената на договорот беше 8,72 долари по акција. Тоа е 6,7% под цената по која акциите на Nio беа котирани на американските берзи на затворањето во вторникот, што е намалување за околу половина процент.

Nio претходно овој месец рече дека слабите испораки на автомобили влијаат на готовинскиот тек и дека тоа ги одложува капиталните расходи и некои проекти за истражување и развој.

Компанијата тогаш рече дека има доволно пари за да ги поддржи операциите. Nio пријави готовина и парични еквиваленти од 14,76 милијарди јуани (2,07 милијарди долари) заклучно со март, што е под она што го пријави за крајот на 2021 и 2022 година.

На крајот на 2019 година, готовината и паричните еквиваленти на компанијата за електрични автомобили паднаа под 1 милијарда долари. Но, Nio отскокна во 2020 година, откако доби околу 1 милијарда долари од инвеститори, вклучително и субјекти поддржани од државата.

Во последните неколку месеци, инвеститорите од Блискиот Исток се повеќе бараат можности во Кина, особено во електричните автомобили.

Фондовите со седиште во Кина, исто така, се свртеа кон капитал на Блискиот Исток бидејќи инвеститорите од САД и другите региони станаа претпазливи кон Кина поради регулаторната несигурност.

Нио рече дека очекува договорот со фондот Абу Даби да биде склучен на почетокот на јули, по што планираат „да ги истражат можностите во меѓународниот бизнис на Нио“.

Договорот, исто така, му дава право на CYVN да назначи директор во одборот на директори на Niо, според соопштението.

  • ОЗНАКИ
  • Nio