Фондацијата Безос ќе донира 30 милијарди долари за заштита на животната средина

58

The Bezos Earth Fund, фондацијата на основачот на Амазон, Џеф Безос, вети една милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност, се вели во објавата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Кабинетот на Макрон го објави ова откако францускиот претседател присуствуваше на првиот од серијата разговори на климатскиот самит COP27 во Египет. Елисејската палата додаде дека Руанда и Габон на состанокот изразиле интерес за преземање чекори за заштита на шумите и природните резерви на јаглерод.

Филантропската организација на Безос досега издвоила 30 отсто од своите 10 милијарди долари за зачувување на природата и трансформација на системите за храна. Фондацијата на милијардерот, чија компанија често е критикувана за нееколошки практики и услови за работа, на овогодинешниот состанок на ОН сака да ги зајакне напорите за обновување на почвата во коалиција со африканските и европските земји.