Фондацијата Трајче Мукаетов додели 40 стипендии

96

fondacija-trajce-mukaetov

Четириесет нови стипендии и годинава доделува Фондацијата Трајче Мукаетов од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот факултет и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј Скопје. Стипендијата изнесува 6.500 денари и се доделува 12 месеци, пишува Миа.

“Фондацијата и годинава продолжува со она што веќе непрекинато го прави од 2007/2008 година. Доделуваме 40 стипендии на најдобрите студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј“, рече денеска на прес-конференција претседателот на Фондацијата и генерален директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.

Заклучно со овие 40 стипендии, посочи Мукаетов, досега Фондацијата Трајче Мукаетов стипендираше 344 студенти по фармација и по медицина, од кои 124 студенти по фармација и 92 студенти по медицина веќе дипломирале.

“Од 2009 година до денес, 34 од завршените стипендисти продолжија да работат во Алкалоид“, додаде Мукаетов.