
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс инвестираше 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија Микрон Биомедијал за развој на масовна примена на вакцини без употреба на инјекции.
Новата технологија се базира на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Технологијата долго време ја поддржуваат глобалните здравствени експерти поради нејзиниот потенцијал да го зголеми опфатот со вакцинација против смртоносни болести.
Полесно е да се транспортира и да се администрира од традиционалните вакцини, особено во посиромашните земји, каде вакцинацијата на децата сè уште е предизвик. Сепак, пречка е зголемувањето на производството.
Во пробната вакцинација на возрасни и доенчиња во Гамбија оваа година, технологијата за вакцина против сипаници и рубеола на Микрон се покажа како безбедна и ефикасна како и традиционалната вакцина и произведе сличен имунолошки одговор.
Фто: Pixabay