Food Ink – првиот ресторан што служи 3D печатена храна

40

3d-printing-flower-1024x683Именуван како првиот ресторан во светот што ќе служи 3D печатена храна, Food Ink го започна своето претставување во април во Холандија, пишува Seeker. Целта, како што вели тимот, е да им донесе на посетителите од целиот свет едно ново гастрономско искуство.

Печатените 3D јадења ќе бидат во форма на уметнички скулптури коишто ќе се послужуваат во хај-тек серии од девет оброци. Храната ќе биде креирана од преносни 3D печатачи со коишто ќе работи тим од врвни готвачи според оригинални рецепти. Сè што може да се претвори во паста за јадење како хумус, сирење, кашкавал, тесто за пица, чоколада и друго ќе се става во специјалните машини за да се создадат различни оброци.

3d-printing-chocolate-dessert-1024x683

Оригиналната храна ќе се креира слој по слој, а 3D печатените оброци ќе бидат послужувани заедно со јадења подготвени на традиционален начин.

Плановите на Food Ink се да послужува храна подготвена на ваков начин низ поголемите светски градови. Караванот со вкусни серии од девет оброци ќе започне во Лондон (25-27 јули), по што ќе следуваат Берлин, Дубаи, Сеул, Рим, Тел Авив, Барселона, Париз, Амстердам, Торонто, Њујорк, Тајпеј, Лас Вегас, Сао Паоло, Токио, Остин, Сингапур, Лос Анџелес, Кејптаун, Сиднеј и Рекјавик.