Food Protectors – мали херои што ја штитат храната од расипување

28

food protector

Food Protectors се мали предмети во форма на робот или јаболка, во чија внатрешност се поставува специјален прашок што ги штити овошјето и зеленчукот од расипување.

Прашокот се добива преку посебен процес на екстракција на етерични масла од оригано, нане или синап. Прашокот што е добиен на таков начин многу бавно се ослободува во воздухот, што создава услови за заштита на овошјето и зеленчукот од различни бактерии.

food protector 2

Етеричните масла, што ги создаваат растенијата и коишто се користат како природни инсектициди, но бидејќи се поскапи одошто синтетичките средства поретко се користеле во земјоделството.

Но, по децениски истражувања и лабораториски испитувања на научници од американски и израелски универзитет,го создадоа овој специјален прашок, што е лесно достапен и целосно безбеден за домашна употреба.

Зад овој проект стои старт – ап компанијата Phresh Organic, којашто бара поддршка на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter.

food protector 1