Forbes: 10 најиновативни технолошки стартапи за оваа година

193

Магазинот Forbes претстави листа на 10 старт – ап компании што развиваат иновативни технологии. Станува збор за листата 10 Dispuritive technology companies to watch in 2019.

“Современиот свет е полн со лица кои имаат иновативни идеи што развиваат технологии што ќе ја променат иднината. Со повеќе ефикасни и евтини решенија, актуелните методи за брзо време ќе бидат застарени, не оставајќи им простор на компаниите брзо да се прилагодат за опстанок на пазарот“, велат од Forbes.

Roobee – паметна платформа за инвестирање што ги поттикнува потенцијалните инвеститори да бараат ефикасен производ со помош на вештачка интелигенција. Базирана е на blockchain технологија и има над 300.000 потенцијални корисници.

NFQ Asia – станува збор за бизнис акцелератор што им помага на компаниите да постигнат врвни резултати со помош на Top Tech Talents, што е клучен за успех во ерата на дигитализацијата.

ILCoin – укинатен систем за чување податоци, што се заснова на децентрализиран blockchain систем.

ByCoi – старт – ап од Велика Британија што има за цел да прерасне во целосно функционална валута, наместо само крипто валута.

The Parallel – користи виртуелна реалност за организирање корпоративни обуки, што се фокусираат на мерки за безбедност, проценка на ризик, управување со процеси и обука на вработените за меки и тврди вештини.

Car:Go – старт – ап од Србија што нуди транспортни решенија на дневна основа. Апликацијата го решава проблемот со јавниот превоз, а од друга страна мрежно ги поврзува луѓето низ целиот град.

Mythical Games – студио основано во 2018 година, што има за цел да го подобри корисничкото искуство поврзано со видео игри.

AdQuick – е иновативна платформа за рекламирање наменета за Северна Америка и Европа.

MedCrypt – компанија што се грижи сите новитети поврзани со сајбер безбедноста да ги пренесе на сите најнови модели на медицински апарати.

The Mom project – проект што нуди поддршка за сите жени кои ја напуштаат работата откако ќе станат мајки.

Фото: Pixabay